ПРЕПОРАЧАНИ КНИГИ
" Базенска библиотека - Алан Холингхрст "
Прв голем британски роман кој животот на хомосексуалците го сместува на модерно место и во модерен концепт, во средиштето на романот е пријателството помеѓу Вилијам Беквит млад аристократ хомосексуалец кој води лесен и промускулитетен живот и неговиот пријател лордот Нантвич кој е во потрага по некој кој би ја напишал неговата биографија. Историски роман и историско деби најдобра книга за геј животот од перото на англискиот писател А. Холингхрст.
"Вистинско семејство" -Тони Парсонс
Во најновиот роман на Тони Парсонс три семејства откриваат дека мајката природа може да биде многу сурова. Три сестри. Три пара. Две трудници. Шест мажи и жени се борат да ја доловат суштината на сексот, љубовта и семејството. Вредната стажантка Меган открива дека е бремена. Таа сака дете, но не сега ! Нејзината среќно омажена сестра сака бебе и тоа веднаш...
"Вода за слонови "- Сара Груен
Иако Џејкоб Јанковски не зборува за спомените, тие се уште живи во него. Спомените од младоста, кога каприцот на судбината го однел во клопотливиот воз на најспектакуларната циркуска претстава на светот на браќата Бензини. Спомените за светот на чудаците и кловновите, болката, бесот, љубовта и страста, свет со свои ирационални права, со свој начин на живеење и со свој начин на умирање. Светот на циркусот за него бил и спасение и земски пекол. Романот "Вода за слонови" е добитник на Пулицеровата награда за 2007 година.

"Клеопатра" - Карен Есекс
Која била Клеопатра? Нејзиното име повеќе од 2 000 години е синоним за земската убавина. Клеопатра била најобразованата жена на стариот век, совршено ја познавала историјата, зборувала неколку јазици. Историчарите је опишуваат како најубава жена на сите времиња. Дваесетгодишната принцеза со својата неодолива младост и убавина го збунила и освоила тогаш педесетиедногодишниот голем воин Цезар.
.

" Kујна " Лили Прајор
Розиното готвење станува легендарно во малото сицилијанско село во времето кога таа е уште девојка. Освен кулинарството, Розина страст е и Бартоломео. Трагичниот крај на нивната љубов ја наведува Рози да се повлече во својата кујна, а потоа и во осамата во библиотеката во Палермо се до еден априлски ден во 1958 кога во библиотеката пристигнува Рандолф Хант(Инглезе)...

"Самец "- Момо Капор
Романот "Самец " од познатиот белградски писател и сликар Момо Капор е потресна приказна за еден од последните големи српски сатиричари, кој заборавен и од читателската публика и од критиката, живее повлечено во куќарката на еден заеднички двор, резимирајќи го својот возбудлив живот...
"ЛОВЕЦ НА ЗМЕЈОВИ" - ХАЛЕД ХОСЕИНИ
Овој неверојатно силен дебитантски роман раскажува за жестоката крутост и романтичната љубов. Обете го менуваат животот на Амир, млад и богат проповедник што созрева во последните мирни денови на неговиот Авганистан, пред револуцијата и упадот на руската војска...
"СЦИПИОН " - РОС ЛЕКИ
Сципион Африкански, човекот што ја поведе римската војска во победа, спасителот на Рим, воинот што го победи Ханибал. Создавачот на непобедливата војска, достоен за водач на големата нација поклоник на елинистичката култура, Сципион сепак е ранлив човек, човек лишен од радостите и среќата на љубовта и татковството...
" ПРЕСТИЖ " - КРИСТОФЕР ПРИСТ
" Престиж" е визионерски триумф на проповедничката магија, жестока уверлива приказна за осветата и илузиите. Романот ја освои престижната британска награда Џејмс тејт Блек меморијал, а номиниран е и за наградата Артур Кларк, како ремек дело на волшебното проповедање.
"ДЕНОТ НА ПЧЕЛИТЕ"- TOMАС САНЧЕЗ
Aко ги барате политиката, љубовта и страста на едно место, тогаш сте на вистинскиот пат.Раскошно замислен и доловен, Денот на пчелите е занесен роман кој сугерира дека историјата ја пишуваат оние што љубат,како и оние што се борат. Портретирани се насилството,надежта и раскошот на животот кој ја трансформираат војната во бегство...
"МЕСЕЧЕВ ТИГАР"- ПЕНЕЛОПИ ЛАЈВЛИ
Клаудија Хемптон - убава, позната и независна - умира. Еден миг претходно на болничарките им кажува : "Ја пишувам историјата на светот... сиот оној победоносен, убиствен и незапирлив полет". Како што и навираат сеќавањата, Клаудија го реди богатиот животен мозаик....
" Јас го излечив дијабетесот "- Богомил Пеев
Во книгата-"Јас го излечив дијабетесот"- се нагласува огромното значење кое го има приложувањето на посебната исхрана при лекувањето на дијабетесот, детално се опишани методите за природно лекување со растенија, со сокови, диети...
"Најголемите мистерии "- Најџел Блундел
Границите на човечкото знаење секојдневно се прошируваат. Меѓутоа, на местото на секоја решена мистерија се појавува некоја нова. Науката непрекинато ги поместува хоризонтите на сознанието, иако на многу прашања сеуште нема одговори- исчезнатиот континент Атлантида, чудовиштето од Лох Нес, НЛО...
" Како да се биде и да се добие она што се посакувa "- Џозеф Марфи
Седнете и дватрипати дневно во мир разгледувајте ги овие редови-Бог е присутен , Тој е се во сешто.Почнете да осознавате дека божјата Присутност е во вас и во секого од вас...
" Францисканскиот Заговор или Знак Серафима " - Џон Сак
Доколку сакате необична литература, тогаш оваа литература е за вас. Приказната се темели на одредени факти кои се однесуваат на таинствениот Францискански ред како и доза на авторовата имагинација (слично како во Кодот на Да Винчи) која на крајот резултира со инзвонредно дело што ќе ве остави без здив.Романот истражува една мистерија од 13 век...
" Регтајм во Симла "- Барбара Клеверли
Симла,1922 година. Додека остатокот од Индија се пече на летната жештина, во свежите сенки на боровите шуми на падините на Хималаи Британците создале слика на својата татковина. Во тој град Џо Сендиленс доаѓа како гостин на вицегувернерот на Бенгл. Но кога неговиот сопатник, славен руски оперски пејач, ќе загине од куршум испукан од пушка на патот за Симла, главниот инспектор Сендиленс ќе се нурне во истрагата на убиството...
" ЦЕНАТА "- МАРКО СЕМОВ
Романот "Цената" на современиот бугарски прозаист Марко Семов брилијантно ја утврдува "сумата" на емигрантскиот сон и сосема прецизно ја баждари и "тежината" на балканската транзиција. Оваа трагична приказна за балканското коленичење и европскиот цинизам, се чита во еден здив, небаре е дозвола за привремен престој во ЕУ, што секој миг може да ви биде одземена, без образложение.