Барај  
недела, 05 септември 2010 ..:: Каталог » Литература за деца ::.. Регистрирајте се  Најавете се
 Литература за деца Собери
Наслов:
ШМИНКЕРКА
Автор:
Андреа Семпл
Тематика:
  Адам е совршен дечко, во секој поглед. Тој никогаш не гледа фудбал. Никогаш не се опијанува. Секогаш претпочита да помине мирна ноќ одошто да излезе со своите другари. Единствениот проблем е што Адам вистински не постои. Вара Вишарт го измислува. Всушност, Вера измислува речиси се во нејзиниот живот само за да и угоди на мајка си. Се преправа дека работи во водечка фирма за односи со јавноста, додека во реалноста работи во продавница - како шминкерка за козметиката Китс. Но мајка и гори од желба да се запознае со мистериозниот Адам, и кога нејзината помлада сестар, Хоуп, неочекувано се враќа во Австралија со својот вереник, наместо свадбена треска, Вера ја зафаќа панична треска.


Наслов:
ПРИНЦЕЗАТА НА ЧАСОВИ ЗА ПРИНЦЕЗИ
Автор:
Мег Кебот
Тематика:

   Почнува уште една учебна година во гимназијата Алберт Ајнштајн, а Мија, откако поминала два летни месеца во Џеновија, конечно се враќа дома. И, иако е возбудена поради тоа што пак ќе ги види Тина, Шамика, малку е тажна поради тоа што оваа година по многу нешта ќе биде поинаква. Мајкл матурирал и таа веќе нема да го минува времето со него додека оди на училиште, веќе нема да седат заедно во текот на ручекот. Мајкл веќе нема да доаѓа во нејзината училница пред часот по алгебра. А освен тоа, веќе ја нема ни алгебрата! Оваа година имаат геометрија, а луѓето на кои не им оди алгебрата, наводно секогаш се многу добри по геометрија. Никој нема да биде посреќен од Мија ако биде навистина така. Но пред соочувањето со геометријата, ќе мора да реши еден горлив проблем. Во својот карактеристичен тон, Лили тукушто ја предложила за претседателка на Советот на учениците. Куп неволи на видикот...



Наслов:
ОКАЛЕЦ
Автор:
Ен Фајн
Тематика:

  Родителите на Кити се разведени, а нејзиниот татко ги напуштил. Кити живее со сестра и и со мајка и. Одеднаш, нејзината мајка има нов љубовник и сите мора да се приспособуваат, а тоа не е лесно. Приказната е раскажана од гледна точка на Кити додека Џералд или "Oкалецот", се обидува да стане дел од нивното семејство...



Наслов:
ЧУДНА СЛУЧКА ВО НОЌТА
Автор:
Марк Хадон
Тематика:

   Книгата на Хадон го опишува начинот на кој мозокот работи; толку подробно, толку човечки што личи на темелна студија и на уметничко проучување на мислите и чувствата што ги споделуваме со тие кои се многу поинакви од нас.



Наслов:
СЕНКИ
Автор:
Тим Баулер
Тематика:

  Џејми знае дека мора да и помогне на девојката што ја наоѓа скриена, оставена сама на себе. Да и помогне да се спаси од опасноста што ја демне. Истовремено можеби и самиот ќе побегне од притисокот што му го врши татко му. Но колку време ќе може да се крие пред да излезе од сенките и да се соочи со проблемите? Без оглед на цената...



Наслов:
ПРИНЦЕЗАТА ПОД РЕФЛЕКТОРИ
Автор:
Мег Кебот
Тематика:

  Ова е продолжение на светски тинајџерскиот хит ДНЕВНИКОТ НА ПРИНЦЕЗАТА. Многу млади читатели, веќе се запознаа со Миа Термополис, четиринаесетгодишното девојче од Њујорк, сосема едноставно и обично, девојче кое одненадеш дознава дека е единствената наследничка на престолот на кралството Џеновија, мало европски кнежество, по што се разбира, животот целосно ќе и се промени. И во вториот дел од книгата работите ќе почнат да излегуваат од контрола. Откако нејзината неуморна баба ќе и договори интервју на државната телевизија во ударен термин, со две-три непромислени изјави ќе успее да ја разбесни својата најдобра другарка Лил, за малкиу ќе ја оставеше без работа една од  своите професорки и ќе се отуѓи од својот народ во кнежеството Џеновија. Плус, една неочекувана вест од мајка и, како и интригантните писма од тајниот обожувател, ја сочинуваат оваа кралска интрига достојна на онаа од првиот дел на ДНЕВНИКОТ НА ПРИНЦЕЗАТА.



Наслов:
ДНЕВНИКОТ НА ПРИНЦЕЗАТА
Автор:
Мег Кебот
Тематика:

  ДНЕВНИКОТ НА ПРИНЦЕЗАТА е духовита приказна за девојче од Њујорк што живее со мајка си, оди во патики и мартинки и сонува за најзгодното момче од училиштето. А, тогаш во градот доаѓа татко и со информација што целосно ќе и го смени животот - и соопштува дека тој е принц на едно мало европско кнежество, а таа е неговата наследничка. "Но јас не личам на принцеза, па вие никогаш не сте виделе некој што помалку личи на принцеза од мене" се исповеда Миа во својот дневник... А, како сето ова да не е доволно за големиот пресврт во животот на Миа, па дознава дека мајка и се забавува со професорот по математика, папараците ја чекаат пред училиште, се скара со својата најдобра другарка Лил...



Наслов:
ЧАРЛИ И ФАБРИКАТА ЗА ЧОКОЛАДИ
Автор:
Роал Дејл
Тематика:

  Чарли и фабриката за чоколади и неговотот продолжение Чарли и големиот стаклен лифт како и останатите приказни, го прават Роал Дејл вистинска ѕвезда на детската литература. Изгледа дека Дејл точно знае до каде треба да одат неговите чудни фанатзии. Во романот Чарли и фабриката за чоколади на пример лошата Виолет се претвора во боровинка бидејќи ја украла забранатата гума за џвакање, а невоспитаниот Августус Глуп е однесен од чоколадната река на која неможе да и се одолее. Всушност на неподносливите дечиња, им се случуваат најразлични несреќи, а Дејл секој ваков инцидент го претставува мошне умешно и шеговито.



Наслов:
МОРЕТО И ЗЕМЈАТА
Автор:
Паола Бомбара
Тематика:

  Кога таткото на едно тригодишно девојче исчезна, тоа најнапред беше уверено дека тој се загубил со велосипедот и долго,долго го чекаше да се врати. Потоа дозна дека умрел и дека го гледа од небото. За жал, набргу лошите луѓе ја одведоа и мајка му...  Поинаку кажано, ова е приказна за едно загубено детство, односно за сето она што ниту едно дете не треба да го доживее...



Наслов:
НИНА И ТАЈНАТА НА ОСМАТА НОТА
Автор:
Муни Вичер
Тематика:

  За неколку секунди сите огледала станаа жолти и црвени: меѓу високите пламени јазици се појави лицето на Волшебникот. Неговите очи беа како две игли, а насмевката му грмеше како детонација.

  "Ахаха, ахах, глупава мала вештерке. Мислеше дека ме уништи. Баш си наивна! Како можеш воопшто да помислиш да го елиминираш ѓаволот? Сега подготви се, ти дојде последниот час!"
  Каркон изгледаше посилен и порешителен од кога и да е порано.
  Морето не го проголтало. Некое чудо го спасило.
  Одеднаш, од огледалата исчезна неговата слика. Полумесечината се изгаси и Нина остана во темнината.
  По неколку секунди, пред неа експлодираше голем пламен кој отиде до таванот. Меѓу огнените јазици беше тој: Грофот!
  "Твоето спасување е кобно. Не се удави,  но јас не ти се плашам!"
  викна Нина со сета сила бесрамо лажеше, а тоа го знаеа двајцата.




Наслов:
ПИСМО ДО САРА
Автор:
Сара Кеј
Тематика:

  Сара Стенли е една стара дама која сиот живот го поминува на фармата од своите родители. Едно утро, таа ја зема перодршката в рака за да и ја раскаже својата животна приказна на својата правнука. Страница по страница, со многу топлина, таа и раскажува за детството, за љубовта кон родителите - тато Том и мама Лизабет - и за своето мало ривалство со близначките Кели и Нели.



Наслов:
СТРАШНИТЕ ЕГИПЌАНИ
Автор:
Тери Диари
Тематика:

    Историја со сите свои ужаси!

  Книгата "Страшните Египќани" ви изнесува страшни податоци за легендарните фараони и за сиромашните селани кои живееле пред 5000 години.

  Сакате ли да дознаете:

  • кој египетски крал имал сипаници?

  • зошто некои кралеви морале да носат лажни бради?

  • зошто се бунтувале селаните?

Прочитајте за смртта и декаденцијата, за одвратните рецепти за слатки, стари 3000 години, за гнасното балсамирање на мумиите, како и за египетското сметање.

    Историјата никогаш не била толку страшна!




Наслов:
ВСЕЛЕНА, ЅВЕЗДИ И ЛИГАВИ ВОНЗЕМЈАНИ
Автор:
Ник Арнолд
Тематика:

    Наука исполнета со безброј чуда!

  Вселена, ѕвезди и лигави вонземјани ве водат на разни планети!

  Во неа ќе откриете:

  • Кои астрономи убивале луѓе?

  • Зошто се распространети како балон во вселената?

  • Како мириса Месечината?

  Доколку сметате дека можете да издржите да читате за искривената страна на науката, тогаш читајте понатаму додека патуваме во вселената. Разгледајте ги планетите со вонземјанинот Одблоб, откријте кои галаксии се јадат едни со други и откријте дали можете да станете вселенски истражувач. Со фантастични податоци, необични квизови и смешни стрипови, книгата Вселена, ѕвезди и лигави вонземјани, едноставно, е надвор од овој свет!




Наслов:
ЗЕМЈОУНИШТУВАЧКИ ЗЕМЈОТРЕСИ
Автор:
Анита Ганери
Тематика:

  Дали географијата ве заморува? Преку глава ви се сите тие здодевни карти, релјефи, земји и градови? Кажете и збогум на здодевната географија и влезете во страшниот свет на "Земјоуништувачките земјотреси"...
  Зачудувачки! Земјотресот причинил реката да тече назад.
  Спасувајте се! Додека земјотресот создава џиновски бран во морето кое ќе ве потопи.
  Насмевнете се! На морското прасе кое било "истресено" од кафезот за време на земјотресот.



Наслов:
АЛИША
Автор:
Лис Харисон
Тематика:
  За време на својот престој во Шпанија каде што Алиша е во посета на своите роднини,  аа дознава дека најновата шпанска поп сензација Игнацио бара девојка со вистинска шпанска убавина за спотот кој се снима за неговата хит нумера. Ова е нејзина шанса. Ако успее кастингот, Меси неma да може никогаш повеќе да ја нарече лажна шпањолка. Единствениот начин да успее во тоа е да ги победи своите супер-бонита братучетки и да успее да стане дел од посакуваниот спот. Адиос, бимбос!


Наслов:
ПО СТАПКИТЕ НА МАРКО ПОЛО
Автор:
Алан Амстронг
Тематика:

  Таткото-антрополог на единаесетгодишниот Марк исчезнал во пустината Гоби за време на неговиот обид да го открие дрвениот пат по кој се движел Марко Поло од Венеција до Кина. Мајка му решава дека обајцата мораат да заминат во Венеција и да бараат од агенцијата што го испратила татко му на ова патување да организира потрага. Вознемирен поради татко му и возбуден поради тоа што ќе го минат Божиќ далеку од дома, Марк добива силен напад на астма среде ноќ. И тогаш, во посета доаѓа Док Хорнадеј, стариот пријател на татко му, заедно со огромниот тибетски мастиф, Бос. За да ја поминат долгата ноќ во Венеција и да му го оттргнат вниманието на Марк од постојаното кивање. Док почнува да му ја прераскажува приказната на Марко Поло и момчето е маѓепсано од сказната што го обзема светот со векови. Патувањата на Марко Поло ја поттикнуваат храброста на Марк и ја разгоруваат неговата желба за авантура и за откривање на животот во сета негова големина и восхитувачка разновидност. 



Наслов:
ХОТЕЛ ЗА КУЧИЊА
Автор:
Луиз Данкан
Тематика:

  Волкерови се селат во нов град и живeaт со својата тетка, која е алергична на кучиња. Тоа е мошне депресивно за Енди и нејзиниот брат Брус кои обoжуваат кучиња. Среќаваат едно напуштено кученце на кое му е потребна помош. Енди набрзо ќе скрои план, и ја претвора напуштената куќа на крајот од блокот во хотел за кучиња. Но, како што се зголемува бројот на станарите, така тајната за ова скривалиште станува толку голема што е невозможно да се одржи како тајна. Дали децата ќе можат да го спасат нивниот замок на кученца? Или хотелот ќе треба да се затвори?



Наслов:
ВОЛШЕБНИЧКИ
Автор:
Венди Корси Стауб
Тематика:

  Сестрите Халивел се на одмор. Дошле во Њу Орлеанс, сакајќи да се релаксираат и добро да се забават. Но, веќе првата ноќ во тој град, Фиби сонува сон исполнет со сцени на чудни ритуали во ноќ со полна месечина. Набргу потоа, исчезнува нивната пријателка - и тоа токму во ноќта кога месечината е полна. Обидувајќи се да се да ја пронајдат, Волшебничките се вовлечени во мрачниот свет на вуду магијата... чии моќи надминуваат се што дотогаш сестрите го виделе.



Наслов:
МЛАДИ И ДИВИ
Автор:
Томе Арсовски
Тематика

  Романот Млади и Диви го осведочува уметничкото мајсторство на Томе Арсовски уште еднаш. Деловно изобилува со жив современ дијалог, обоен со жаргон на младите, вникнува во психолошките лавиринти на тинајџерите, чијшто хумор ги надвладува драматичните дилеми и порзаи со младешката виталност. Основната инспирација се тинајџерската љубов, пријателството, другарувањето. Искусниот автор ги слика и родителите и наставниците, со што го проширува уметничкиот и општествениот контекст на делово, вклучувајќи ги проблемите на семејствата со раздвоени и делумно оптоварени родители - толку честа појава во современиот живот.



Наслов:
ПРИТАЕНО ЗЛО
Автор:
Ен Кесиди
Тематика

  Малата Каролина Мичел беше видена како влегува во автомобил на некој сосем непознат човек. Оттогаш никој ја нема видено. Меги не може а да не трага по одговори. Што ако  е нејзиниот нов сосед? Зошто ли ги закопа детските работи во неговиот двор одзади?



Наслов:
КЛУЧОТ НА АЛХЕМИЧАРОТ
Автор:
Кристина Брамбилља
Тематика:
  Не му се случува секому, да се разбуди еден ден и да открие дека неговиот татко е волшебник и алхемичар. Дека за него работи и му е подреден еден намќорест гаргол кој сака повторно да биде грандиозен крилест лав. Дека градот во кој само што се доселил, Венеција, е лавиринт од вода и магла што го крие најскапоцениот и најмоќниот клуч во историјата на магијата. на Лучила и се случи сето ова. А ова е само почетокот.


Наслов:
СМРТОНОСНА КРИЕНКА
Автор:
Мишел Гримо
Тематика:
  Оваа песна Жереми ја знае наизуст. Но, што да се прави кога, среде ноќ, некој ранет незнајник ќе ти поѕвони на вратата и ќе побара помош? Можеби се крие од полицијата? Или го прогонува банда убијци, решени да му влезат во трага и да го замолчат засекогаш?
  За да се спасат, Жереми и неговиот загадочен посетител ќе мора заедничи да се борат. Еден погрешен чекор и играта на криенка може да стане смртоносна...


Наслов:
ДАЛЕКУ ОД ОЧИ ДАЛЕКУ ОД СРЦЕ
Автор:
Мерлин Кеј
Тематика:

  Тринаесетгодишната Аманда Бисон, е Злобната кралица во Медобрук. Ама не си другарка со Аманда, ти си никој и ништо - таа го има последниот збор. Но едно утро, додека убавата, популарна Аманда се огледнуваше во огледалото, друго лице и возврати со поглед. Кралицата доживува чудно искуство во нечие друго тело...




      

Copyright 2006-2008 by Biblioteka “Blagoj Jankov Muceto” – Strumica   Terms Of Use  Privacy Statement