Барај  
недела, 05 септември 2010 ..:: Каталог » Литература за возрасни ::.. Регистрирајте се  Најавете се
 Литература за возрасни Собери
Наслов:
РАЃАЊЕТО НА ВЕНЕРА
Автор:
Сара Дунант
Тематика:

  Дејствието на овој роман е сместено кон крајот на XV век во Фиренца. Со градот владее злогласниот проповедник Савонарола кој му бил образец на самиот Макијавели. Големиот дар зема данок во сите времиња и во кое било општествено уредување. Во амбиент што не дозволува изразување на индивидуалноста, а слободоумието се казнува најстрого, ја следиме судбината на жената надарена за уметност и желна за научните и филозофски вистини. Духот на ренесансата е жеден за слобода и творештво нешто што не постои без да се преминат вообичаените норми и смелото изнесување на најразлични општествени девијации. Приказната е проткаена со еротика и со сложени љубовни односи и наедно со чисто чувство на мајчинство - а сето тоа е сместено меѓу две сцени на умирање. Ова е. исто така, и брилијантна детективска приказна за Александра и нејзината љубовна врска со сликарот кој, поради неговата опседнатост со човечките тела, ќе биде осомничен за серија сурови убиства.



Наслов:
ДЕВОЈКАТА НА КОМАНДАНТОТ
Автор:
Пам Џеноф
Тематика:

  Септември 1939. Светот на деветнаесетгодишната еврејка Ема Бау и се испревртува преку ноќ кога Германија ја окупира Полска. И, по само шест седмици брак, нејзиниот сопруг Јаков, член на Движењето на отпорот, е принуден да напушти.
  Бегајќи од гетото, Ема присвојува нов, христијански идентитет и наоѓа работа во штабот на нацистите. Како секретарка на харизматичниот командант Рихвалдер, Ема се заветува дека по секоја цена ќе ја искористи својата единствена позиција да собере информации за отпорот.
  Прониклива, возбудлива и продуховена. "Девојката на командантот" е прекрасно напишана приказна за борбата на една жена да ги преживее најтемните периоди на човечката историја.



Наслов:
МИКРОКОСМОС
Автор:
Асука Фуџимори
Тематика:

  Ова е приказна за монструозно генијалниот Хитоши, вистинска личност, до сега најголемиот јапонски криминалец кој меѓу 1918 и 1945 година сторил ретко сурово убиство. Паралелно со оваа мистериозна приказна за исклучителниот професор по логика на Царскиот универзитет во Токио, со романсирани детали за неговата соработка со јапонската тајна воена служба, приказната го следи распадот на кланот Сога, крволочниот ред самураи и министри од 7 век од новата ера во царска Јапонија. Врската меѓу овие историски приказни, се разбира, е Сога Хитоши.



Наслов:
ДЕСЕТТАТА СИМФОНИЈА
Автор:
Јозеф Јелинек
Тематика:

  Светот на класичната музика го потресува вистинска револуција кога познатиот диригент Роналд Томас ќе ја изведе на приватен концерт наводната реконструкција на првиот став на митската Десетта симфонија на Лудвиг Ван Бетовен. Еден од гостите на тој настан, младиот музиколог Даниел Пенијагва, почнува да се сомнева: можеби Бетовеновата Десетта симфонија навистина постои и сега е во рацете на Томас? Можеби генијот од Бон го победил поклетството на Десеттата симфонија, според кое сите композитори умираат откако ќе ја напишат.

  По суровото убиство, започнува опасна игра во која, покрај Даниел, се вмешани и една жена судија, итриот детектив за убиства и разни други моќни организации чии членови се влијателни бизнисмени и потомци на Наполеон. Сите тие се борат да го најдат светиот грал на класичната музика.

  Никој од нив не знае дека одговорот на нивните прашања се наоѓа во контроверзното минато на Бетовен и во неговата забранета љубов што останала неоткриена до денес.

 
  Ова е роман што навистина ќе ве восхити, ова е вистинско ремек-дело!


Наслов:
ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ
Автор:
Кети Кели
Тематика:

  "Еднаш во животот", времето во секој од животите, затоа што ова навистина е роман за животот, има две димензии. Секоја страница е полна со плипот чувства, радост, тага, неверување, смеа и солзи. А, времето минува и повторно помирување, прифаќање, разбирање. Секој од нас некогаш помислил дека се наоѓа на погрешната страна од своите години. Марсела Шмит е секој од нас. Ингрид Фицџералд ја негува својата љубов за семејството. Да, секој од нас е Ингрид Фицџералд, некои од нас се и Дејвид Кени, или можеби Натали. Тоа е волшебноста на овој роман. Секој од нас се наоѓа во животните приказни на главните ликови. Сепак, посакувам сите да сме Стар Блустоун, бидејќи таков сложен и силен, а сепак, истовремено нежен и кршлив карактер не се среќава многу во романите. Трогателна, а весела, позитивна приказна полна со надеж и светлина, приткаена со секојдневие, а сепак различна, полна со чувства, ама истовремено едноставна.




Наслов:
ЗЛАТНОТО ЛАЛЕ
Автор:
Розалинд Лејкер
Тематика:

  Таткото на Франческа е познат сликар во Амстердам, забрзан град и пристаниште; исто така е и коцкар. Иако семејството има парични проблеми, лекциите што ги научила Франческа во ателјето на татко си ја подготвиле за школувањето кај делфтскиот сликар Јоханес Вермер. На почетокот на школувањето, Франческа е вчудоневидена од правилата, напишани од рака на татко и, кои налагале да се откаже од слободата во која уживала некогаш во својот дом - вклучувајќи го и пријателството со  Питер ван Дорне, одгледувач на лалиња. Несвесна за ужасната состојба со која татко и ја запечатил нејзината судбина, Франческа се повеќе се вљубува во Питер и истовремено учи да слика како Вермер, нанесувајќи слоеви светлина. Додека нејзиниот талент буи, "Лаломанијата" ја преплавува земјата, и се случува само една луковица на некои да им донесе цело богатство. Во она што на почетокот му изгледало како благослов, Питер ја открива сета големина на предавството на татко и на Франческа. И додека тие двајцата ја дознаваат вистинската природа на пречките на заедничкиот пат, покровителот на татко и на Франческа решава да направи се што е во неговата моќ за да ја спречи да ги помине границите што и ги одредил тој.

  Уметноста, љубовта, музиката, политичките сплетки, злосторницте, јунците, шпионите, убавината и несреќата се испреплетуваат во изворедната приказна на Розалинд Лејкер која оживува еден од највозбудливите периоди од холандската историја. Ова е роман што не се испушта од раце, што е впечатлив и незаборавен како и Вермеровата слика, сместен  во седумнаесеттиот век и во златното време на Рембрант и Вермер.




Наслов:
СЛАВЕЈОТ
Автор:
Моргана Галовеј
Тематика:

  Раснејќи во богато семејство во Мосул, Лејла ал-Гани сонува да се запише на Универзитет и да стане лекар. Потоа, војната доаѓа и во Ирак и семејството на Лејла, некогаш модерно и прогресивно, во обидите да преживее, станува ултраконзервативно.
  Додека блиндирани Хамери трештат низ улиците на Мосул. Лејла им се спротиставува на своите родители и тајно ја прифаќа работата како преведувач во американската база. Искуствата и ги прошируваат погледите на Лејла во врска со убавиот капетан кој можеби е вмешан во насилнички акции ќе ја стави на проба нејзината лојалност и може да ја чини Лејла дури и живот.



Наслов:
ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕКРЕТАР
Автор:
Кејлеб Кар
Тематика:

  Најновата приказна Кејлеб Кар ја започнува со шифрирана телеграма која Шерлок Холмс ја добива од својот брат Мајкрофт. Славниот детектив му открива на докторот Вотсон дека е повикан во Шкотска, за помош на кралицата Викторија. Тие тргнуваат со брз воз на север; откако за малку ја избегнуваат смртта по пат, им се придружува Мајкрофт и ги известува за суровите убиства на познатиот архитект и неговиот надзорник за време на подготовките за обнова на крилата на славната и злокобна палата Холирудхаус во Единбург.
  Мајкрофт бара помош од својот брат во расветлувањето на овие убиства кои можеби се далеку посложен и поопасен заговор против животот на кралицата. Но, околностите на смртта на овие двајца несреќници го повикуваат сеќавањето на уште едно страшно убиство извршено во Холирудхаус - на убиството на "Италијанскиот секретар", Давид Рицио. Холмс го вознемирува Вотсон со навестувањето дека можеби одмаздољубивиот дух на италијанскиот секретар ги одзел овие два живота за да ги казни сите оние кои го нарушуваат мирот на неговото вечно престојувалиште. Дали овие две убиства се само совпаѓање? Дали стварните политички соперништва повторно ги подигнале своите отровни глави? Или италијанскиот секретар навистина ја врши својата морничава одмазда?



Наслов:
ПЕТ ДЕНА ВО ПАРИЗ
Автор:
Даниела Стил
Тематика:

  Питер Хаскел, претседател на голема фармаколошка компанија, има се: моќ, позиција и семејство за кое тој жртвувал многу нешта.
  Оливија Тачер е жената на познат сенатор, која дала се за амбициите и кариерата на својот сопруг. Таа е заробена во мрежа од должности и обврски, мажена за човек кој некогаш го љубела и кој повеќе не го познава; кога ќе умре нејзиниот син, дел од Оливија, исто така ќе умре.
  Една вечер, кога ќе има дојава за бомба, Оливија и Питер случајно ќе се сретнат во Париз. Нивните животи ќе се приближат во еден магичен момент на Плоштадот Вендом, а во едно кафуле на Монмартр нивните срца ќе се отворат. Питер, некога ш сигурен во својот брак и успех, соочен е со ризикот во неговата професионална кариера - Оливија, несигурна во се, знае дека не може да продолжи понатаму. Кога исчезнува Оливија, единствено Питер се сомнева дека не е тоа лажна игра и тој мора повторно да ја најде. Но, каде би оделе оттаму? Пет денови во Париз е се што имаат.



Наслов:
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСАБОНСКИ КАБАЛИСТ
Автор:
Ричард Зимлер
Тематика:

  Годината е 1506-та. Страв и сомнеж владеат по лисабонските улици откако Абрахам Зарко е пронајден мртов, а покрај него и една гола девојка. Абрахам е познат кабалист, упатен во тајните на еврејската традиција, во време кога португалските Евреи биле присилени да се покрстуваат. Берекија, надарен млад илуминатор на ракописи, го истражува убиството на својот вујко и во кабалата ги открива трагите кои ќе го одведат до лавиринтот од тајни каде Евреите се кријат од своите прогонители.



Наслов:
ШОЛЈА ЧАЈ
Автор:
Ејми Ефрон
Тематика:

  Розмари Фел е родена под среќна ѕвезда. Богата е, има влијателни пријатели и згоден свршеник, Филип Олсоп. Најпосле има се што сака. А потоа, една зимска вечер, среќава на улица една сиромашна девојка, измрзната и накисната. Во налет на великодушност, Розмари ја поканува Елинор Смит кај себе на чај. Елинор и Филип се среќаваат и разменуваат еден единствен поглед. Розмари, на која нема да и се провлече значењето на тој поглед, набрзина ја испраќа непознатата од куќата, но она што се случило не може да се поништи. Навидум невината средба ќе порасне во бурен и мачен љубовен триаголник - се додека животите на тројцата учесници не бидат зафатени од страшен виор.



Наслов:
ПЛАЖА
Автор:
Алекс Гарланд
Тематика:

  Банког, првата станица во Индокина за ордите млади Европејци со ранци.
  Во првата ноќ по доаѓањето во земјата на туристите, во евтино ноќевалиште, Ричард запознава еден таинствен патник кој, пред да си ги пресече вените, му дава внимателно нацртана мапа што води до легендарната Плажа, плажа за која меѓу младите патници низ Тајланд кружат чудесни приказни. Тоа е таен островски рај, скриена лагуна со бел песок и корални градини, водопади во срцето на џунглата, растенија недопрени илјадници години. Тоа е последното прибежиште пред налетот на цивилизацијата и таму живее во блажена изолација заедница избрани луѓе. Ричард тргнува во потрага по авантура, но открива дека плажата не е она што го замислувал. Наоѓањето на рајот има своја цена.



Наслов:
ФРАНЦУСКИОТ МАТЕМАТИЧАР
Автор:
Том Петсинис
Тематика:

  "Математичките гении се воздигнати и необични колку што се и ретки. Том Петсинис убедливо ги обновил животот и интелектуалната аура на брилијантниот и ранлив Еварист Галоа во еден од најтурбулентните мигови во француската историја, со крајна едноставност успевајќи да раскаже приказна кој по самата свој природа е романтично живописна"
                                                           ... Гај Девенпорт



Наслов:
МАЈКАТА НА ПЕРЛ
Автор:
Марин Ли
Тематика:

  1939. Ејми има само осумнаесет години кога ќе го сретне Барни и тие страсно ќе се вљубат. Нивната романса и хармоничен брак беа еднакви со рајот - и тогаш избувна војната. Барни доброволно се пријави да војува и, откако заврши војната, тој се врати во Ливерпул каде што се смени. Но, што беше тоа што ја натера Ејми да си го убие саканиот сопруг и што се случи со нивната петгодишна ќеркичка Перл?
  1971. Ејми беше ослободена од затвор. Но, нејзината слобода ги проемни животите на сите-особено на Перл. Сега дваесет и петгодишната , израсната во многу среќно семејство, покрај нејзината вујна, без да знае каква тајна се крие во нејзиното минато. Кога ќе ја дознае вистината ќе биде шокирана од семејната трагедија.



Наслов:
КОЛАЧИЊА ЗА ПОЈАДОК
Автор:
Дороти Кумсон
Тематика:

  Кендра се враќа од Австралија во Англија, изнајмува стан од Кајл, разведен татко на две деца, се вработува и почнува нов живот. Близнаците на Кајл сакаат Кендра да им биде мајка, најмногу поради тоа што им дозволува да јадат колачиња за појадок.
  Токму кога ќе помисли дека успеала да живее како што сака, наидува на човекот со кого чува ужасна тајна. Нејзиниот живот се распаѓа... Единствен начин да се извлече е да ја признае страшната грешка која ја направила пред многу години, но се заколнала дека никогаш нема да каже...



Наслов:
УБИСТВО ВО МЕСОПОТАМИЈА
Автор:
Агата Кристи
Тематика:

  Следејќи го својот пријател Хастингс во Ирак на археолошки ископини, Херкуле Поирот ќе добие неочекувана задача: да го открие убиецот на госпоѓа Леиднер сопруга на познатиот археолог д-р Леиднер. Жртвата добивала заканувачки писма кои го носеле потписот на нејзиниот прв маж, кој настрадал во несреќа на патнички воз.
  Дали можеби тој ја преживеал несреќата? Дали можеби неговиот помлад брат се одмаздувал во негово име? Дали госпоѓата Здонсон сакала да ги затскрие трагите за да има љубов со својот шеф?

 

Наслов:
СПИЛАТА НА ТАНИОС
Автор:
Амин Маалуф
Тематика:

  ... Во овој роман читателот ќе најде загадочност, чувства и пресврти. Меѓу другото, ќе се сретне со еден учен маскар, со шеик чие име е Франсис, со грузиска милосница, со патријархот кого го демнее смртта, скриена во куршумот на пушката на англискиот конзул, и со една жена, Ламија, која ја носи својата убост како крст. А пред се, со момчето чија коса веќе побелела и кое ќе стане, случајно или судбински, јунак на една чудна легенда. Силата на Таниос е, најпосле, роман на приклученија и на верност. Во него се слуша шумот на оваа судбина што "се вовира и се провира низ нас, како игла на крпачот низ парчето кожа што го шие"...



Наслов:
ДВАНАЕСЕТ ИСКУШЕНИЈА
Автор:
Габриел Гарсија Маркес
Тематика:

  Оваа збирка раскази содржи дванаесет мајсторски напишани приказни кои зборуваат за животот на луѓето од Латинска Америка во Европа. Мешајќи ги егзилот, чувството на загуба и комичните ситуации, Маркес создава еден специфичен амалгам на меланхолија, тврдоглавост, тага и надеж, доловен преку лирската емотивна нота на раскажувањето и невообичаените магични заплети.



Наслов:
КРАЈОТ НА ЕДНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА
Автор:
Греам Грин
Тематика:

  Сместен во Лондон за време на Втората светска војна, романот на Греам Грин го испитува тројниот судир на љубовта, онаа кон самиот себе, кон другиот и љубовта кон Бога. Врската која е во прашање го вклучува Морис Бендрикс, крајно субјективен новелист, и Сара Мајлс, покорна мажена жена. Љубовниците се среќаваат на забава што ја организира сопругот на Сара, од каде почнува нивното заемно ослободување од досадата и секојдневното незадоволство. Сеќавајќи се на почетоците на нивната романса, Бендрикс вели: "Во тие денови никогаш не се постави прашањето кој кого сака-ние бевме заедно во страста". Врската се одвива неколку години без пречки, се до едно попладне кога Бендрикс ќе стане жртва на проектил кој ќе удри во неговата куќа. Сара брза да го најде, и го наоѓа легнат под една падната врата. Во тој момент таа склучува договор со Бога, ветување што го менува текот на нивната љубов.



Наслов:
КУЈНА
Автор:
Лили Прајор
Тематика:

  Роман кој врие од страст и екстравагантни описи. Гласот на нараторот е крајно оригинален и искрен, а приказната е навистина емотивна, но не ја преминува границата на сентименталноста. Ликовите ги сочинуваат шармантни и бунтовно настроени ексцентрици, хедонисти, наивци, љубовници, мафиози, производители на сирење, одгледувачи на маслинки, градинари и сите видови кувари. Главната хероина е сензуална, женствена, силна и независна. Во некои работи слично на романот како вода за чоколада, ова дело ги слави љубовта, семејството, телото и храната. Исто како и добар појадок и тоа кај читателот предизвикува чувство на топлина, задоволство и внатрешна хармонија.



Наслов:
ПРОФЕСОРКАТА ПО АНГЛИСКИ
Автор:
Лили Кинг
Тематика:

  Со изворедна вештина. Лили Кинг постигнува напнат развој на приказната и спонтан пристап кон прашањата на бракот, мајчинството и семејството. Животот на една самохрана мајка и нејзиниот петнаесетгодишен син на патот кон вистината, која долго ја крие, доаѓа до пресвртна точка-до моментот кога тие двајца ќе се соочат со предизвикот-дали ќе можат да создадат комплетно семејство или се осудени никогаш да не успеат во тоа.



Наслов:
БУДА ОД ПРЕДГРАДИЕТО
Автор:
Ханиф Курејши
Тематика:

  И така, седев во центарот на својот град, кој и самиот седеше на дното на еден издолжен остров, опкружен со луѓето кои ги сакам, среќен и тажен во исто време. мислев на збрката во која досега живееев и сфатив дека не мора секогаш да биде така.
  Ова е роман за растењето на едно момче. Во Англија, во едно лондонско предградие, а потоа и во самиот град, Се преплетуваат две приказни, романот се чита на две нивоа.
  Прво читање: билдингс роман, роман за страдањата и страстите на животот и растењето, на болките кои го следат секој чекор од процесот да се биде голем.
  Второ читање: критика на постколонијалниот свет, на светот кој не дозволува мешање на боите, туку бара униформност и еднобразност. Слика на општеството кое живее од предрасудите и грижливо ги негува. Од општеството кое не ја прифаќа другоста, каде другиот е субалтерен и туѓ.



Наслов:
БРОКЕР
Автор:
Џон Гришам
Тематика:

  Пред да заврши во затвор, Џоел Бекмен бил многу моќен човек, познат како Брокер, човек што можел да ја отвори секоја врата во Вашингтон. Излегувајќи на слобода по шест години, се среќава со претседателот што заминува, човек кој ги минува своите последни минути во Таркалезната соба. Она што не го знае никој е дека проблемите на претстедателот ќе започнат дури откако ЦИА ќе изврши неверојатен притисок врз него. Џоел Бекмен добива нов идентитет и заминува во Италија, во Болоња. Следејќи што се случува со овој лик во Болоња, читателот го запознава до детали овој сликовит италијански град и не може да се ослободи од впечатокот дека тргнал заедно со писателот на возбудлив викенд во Италија.



Наслов:
ПСИХОЛОГИЈА НА УСПЕХОТ
Автор:
Дејл Карнеги
Тематика:

  Ако со одушевување му пристапите на ефикасното зборување, ќе видите како исчезнуваат пречките на вашиот пат. Прифатете го предизвикот сите свои способности и можности да ги концентрирате на целта за успешно комуницирање во општеството. Мислете на самодовербата, на сигурноста што ќе ја добиете, на чувството дека сте господар на ситуацијата. Ќе открите дека способноста за изразување поттикнува и други способности и води до самодоверба во сите области од животот и работата.



Наслов:
ВЛАДЕТЕЛОТ
Автор:
Николо Макијавели
Тематика:

  Владетелот претставува правно-политичко дело, реалистично согледување на настаните од сопственото време. Макијавели создал лик на дипломат и политичар со цврста рака, итар и подготвен на се за да остане во играта полна со лаги и измами. Идниот спасител и владетел мора да ги има особините на Чезаре Борџија - моќен,  храбар и вешт на бојното поле, ефикасен и итар политичар.



Наслов:
ДЕВОЈКА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ
Автор:
Ф.Х. Тул
Тематика:

  На секој читател на оваа книга му е јасно дека влегол во ринг со вистински професионалец. Тул знае се за боксот при што ја импонира неговата безусловна понесеност од боксот и животната филозофија што ја донесува занимавањето со овој спорт. Неговата реалност е понекогаш тажна и груба, но проблеснува во текот на борбата, кога неговите јунаци ќе се најдат под светлото на рефлекторите, во рингот, лице во лице со противникот. Секојдневието на боксерот и на неговиот тренер не е гламурозно, а таа страна на приказните никој не ја знае подобро од самиот автор Ф.Х. ТУЛ.



Наслов:
ЉУБОВ И СТРАСТ
Автор:
Зум Прес
Тематика:
  ... Млако ветре се лизна, зашумоли лисјето, а во длабочината, во гранките, се слушаа две страсни воздишки што се мешаа со песната на славејот. Птицата паѓаше во се поголем занес, а најзиниот глас, како пожар што се шири, го следеше дождот од бакнежи под дрвото. Потоа молкна, оти слушна под себе некакво толку длабоко воздивнување чиниш некоја душа се простува од телото.


Наслов:
КУМ
Автор:
Марио Пузо
Тематика:

  Приказната за Дон Вито Корлеоне, главата на њујоршкото мафијашко семејство, ги инспирираше трите најдобри филмови на сите времиња и ги постави темелите на сосема новиот литературен жарн. Романот изобилува со незаборавни ликови кои и покрај невообичаениот начин на живеење што го водат внатре во познатите семејства ги доживуваат сите подеми и падови кои се неизбежни за секого од нас.

  Кум е модерна класика која ниту денес нема изгубено од својата свежина и актуелност, и уште еднаш докажува дека ни најдобриот филм не може да ја надмине книгата според која е снимен.




Наслов:
ЦЕНАТА ЗА ЕДНО ДЕТЕ
Автор:
Мари-Франс Бот, Жан-Пол Мари
Тематика:

  Книгата "Цената на едно дете" e голема дескрипција на страдањата и искористувањата на децата, на нивните судбини, трогателна сторија за илјадниците проститутки во Банког. Но, книгата е и голем етички расказ за разбирањето што го имаат Бот и Мари и другите членови на нивниот тим за трагичните судбини и патилата на најмалите проститутки од 8 години, на нивните напори да ги спасат тие страдалници, на помошта што ја добиваат од разни страни - како и криминалниот дух на нивните експлоататори, на уништувачите на детството, здравјето, душата и иднината на тие деца. Тие се тепани и силувани, горени и потресувани. Тие се мразени, бидејќи односот спрема нив не е љубов, туку најмизерна злоба од непријателство, користољубие и мизантропија. Осумдесет отсто од нив носат траги од насилство, една четвртина се заразени со сида. Станува збор за пекол, како точно го нарекоа овие добротворни и храбри автори Бот и Мари.



Наслов:
СЕКСОТ И ОФИСОТ
Автор:
Хелен Гарли Браун
Тематика:

  Хелен Гарли Браун го дава клучот за светот на мажите:
- Како да се облекуваме - стилски, но и за задоволство на машкото око
- Како да го избираме парфемот и каде да го ставаме
- Како да ги импресионираме и маѓепсуваме мажите што имаат власт, пари и слава
- Како да уживаме во службената романса без чувство на гризење на совеста и вина
  Искрена и провокативна, Хелен Браун уште еднаш ќе ги разниша основите на вашиот морал и ќе ве натера да се ококорите од вчудоневиденост со своите раскази за интригите, додворувањата, врските и подмолните планови, што се виорат во секој - точно пред носот на шефот(ако не и во неговиот кабинет).



Наслов:
ТАЈНИТЕ РАКОПИСИ ОД ЕГИПЕТ
Автор:
Жан Дорес
Тематика:

  Во 1945 фод, селани од Горен Египет откиваат ракописи на папирус замотани во кожени корици. Тоа се тајните книги на гностиците. По откривањето на ракописите од Мртво море, ова е второто откритие што може од корен да го промении општо прифатеното учење за почетокот и суштината на христијанството.



Наслов:
ЛАВИРИНТ
Автор:
Кејт Мос
Тематика:

  Лавиринт е извореден трилер, во кој преовладува духот на два различни периоди во историјата, средновековната и модерна Франција. Во него се поврзуваат судбините на две жени, родени во различни векови.

  Јули 2005. Алаис, волонтер на археолошко наоѓалиште на Пиринеите во близина на градот Каркасона, еден ден случајно наидува  на пештера и доаѓа до неверојатно откритие - два човечки скелети, мистериозни натписи по ѕидовите, и шема на лавиринт помеѓу скелетите, прстен од камен и мала кожна торбичка. Откритието и буди визии за минатото и ја вплеткува во опасна игра против оние кои сакаат да ја зачуват мистеријата само за себе.



Наслов:
ВОДА ЗА СЛОНОВИ
Автор:
Сара Груен
Тематика:

  Полн со изненадувања, ироничен и забавен, овој роман претставува волшебно патување под циркускиот шатор и во срцето на јунаците. Тие остануваат живи во свеста на читателот долго време откако ќе ја прочита и последната страница, а светот создаден во него е толку реален што го чувствувате неговиот здив.
  Иако Џејкоб Јанковски не зборува за спомените, тие се уште живи во него. Спомените од младоста, кога каприцот на судбината го однел во клопотливиот воз на Најспектакуларната циркуска претстава на светот на браќата Бензини. Спомените за светот на чудаците и клоновите, болката, бесот, љубовта и страста, свет со свои тесни ирационални правила, со свој начин на живеење и со свој начин на умирање. Светот на циркусот за него бил и спасение и земски пекол.



Наслов:
ЧЕТИРИ СПОГОДБИ
Автор:
Дон Мигел Руис
Тематика:
  Ова е книга со каква што човек од западната цивилизација не се среќава често. Нејзината благост, која потсетува на изворните учења на Исус и на Буда, овде е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ-Толтеци. Прочитајте ја, размислете и ќе склучите спогодба сами со себе, на големо задоволство на сопствената душа. Бидете уверени дека, откако ќе го завршите читањето, повторно ќе и се навратите, секој пат станувајќи духовно се побогати. Старите Толтеци, за разлика од другите индијански народи, според легендата, не изумреле. Само ги нашле повисоките сфери на духот.


Наслов:
ЛЕТОТ 800
Автор:
Нелсон Де Мил
Тематика:

  Пустата плажа станува сведок на една трагедија. Млада девојка има жежок секс пред вклучена камера. Одеднаш небото поцрвенува и се слуша страшна експлозија. Девојката бега со камерата и за миг ја избегнува полициската кола што заринкува во песокот на плажата.
  Пет години подоцна...
  Причината за катастрофата на ЛЕТОТ 800 е механичка грешка. Вака стои во официјалните извештаи од истрагата на ФБИ, специјалните антитерористички единици и локалната полиција. Но... Само за Џон Кори и Кејт Мејфилд, членови на антитерористичкиот одред, случајот не е затворен. Верувајќи дека вистината се прикрива, без да се потчинат на заповедите, тие повотрно не нурнуваат во планината доказен материјал, со само една цел - да го најдат најважниот и најавтентичниот доказ, доказот од девојката на плажата, снимка што ги покажува последните мигови на соборениот авион.



Наслов:
ВИТЕЛ
Автор:
КЕТРИН КОУЛТЕР
Тематика:

  Бека Метлок е во самиот зенит од својата професионална кариера: работи како пишувач на говори за популарниот гувернер на државата Њујорк. Животот и е исполнет со среќа и радост. Но еден ден добива заканувачки повик: "Доколку не престанеш да го делиш креветот со гувернерот ќе те убијам". Иако Бака не спие со гувернерот, заканувањата продолжуваат. Повеќе ниту полицијата не и верува, дури ни кога човекот што ја прогонува ќе убие недолжна жена, за да покаже и дека заканите се сериозни. Кога гувернерот ќе биде прострелан во вартот, Метлок бега на брегот Мејн, криејќи се не само од својот гонител, туку и од властите. Се сокрива во местото Риптајд, место каде што живее нејзиниот пријател од колеџот... и место каде набрзо ќе се доведе и изложи на уште поголема опасност...



Наслов:
КУЈНА
Автор:
Лили Прајор
Тематика:

 Роман кој врие од страст и екстравагантни описи. Гласот на нараторот е крајно оригинален и искрен, а приказната е навистина емотивна, но не ја преминува границата на сентименталноста. Ликовите ги сочинуваат шармантни и бунтовно настроени ексцентрици, хедонисти, наивци, љубовници, мафиози, производители на сирење, одгледувачи на маслинки, градинари и сите видови кувари. Главната хероина е сензуална, женствена, силна и независна. Во некои работи слично на романот Како вода за чоколада, ова дело ги слави љубовта, семејството, телото и храната. Исто како и добар појадок и тоа кај читателот предизвикува чувство на топлина, задоволство и внатрешна хармонија.



Наслов:
ВЕРСАЈ НА МАРИЈА АНТОАНЕТА
Автор:
Кетрин Дејвис
Тематика:
  Романот  Версај на МАРИЈА АНТОАНЕТА, општо фален и прифатен, преде приказна за еден богат дух заклучен во убаво тело и во еден невозможен историски момент. Четиринаесетгодишната Марија Антоанета патува од Австрија во Франција, да го сретне својот свршеник. Тој ќе стане шеснаесеттиот  Луј кој владее со Франција, а Антоанета ќе биде неговата кралица - иако ниту еден од нив не покажува силна наклонетост кон власта, политиката или улогите кои ги играат...


Наслов:
ПАТОТ ПО КОЈ ПОРЕТКО СЕ ОДИ
Автор:
М. Скот Пек
Тематика:
  Патувањето на духовниот раст е многу долго...
  Едната од двете претпоставки кои ја подвлекуваат оваа книга е таа што јас не правам разлика помеѓу свеста и духот, а со тоа ни разлика помеѓу процесот на достигнување на духовниот и менталниот раст. Тие се едно и исто.
  Другата претпоставка е дека овој процес е сложен, тоа е задача што трае цел живот. Значајната помош во процесот на менталното и духовното созревање на може да претставува брза и единствена процедура.


      .....М. Скот Пек


Наслов:
МАЛИ СЛАТКИ ОТКАЗИ
Автор:
Сали Кослоу
Тематика:
  Магнолија Голд е софистицирана уредничка на познато женско списание што живее за својата работа - па што ако нема љубовен живот? По еден пропаднат брак и неколку неуспешни врски, секој нов работен ден и е единствената радост. Но сето тоа ќе се смени кога нејзиниот директор ќе доведе во редакцијата една позната и богата телевизиска водителка без влакно на јазикот... Издавачот решава да ја измени концепцијата на списанието, па дури и името, а Магнолија сега ќе мора да се снаоѓа во сосем нова ситуација и промислено и елегантно, со многу внимание и одговорност, да пристапи кон редизајнирање на списанието. Да се каже вистината, списанието Лејди е малку старомодно, но, како интуицијата, ги чува традицијата и квалитетот и ги рзвеселува верните читателки со најновите совети од светот на модата и на животниот стил.


Наслов:
ПОЛНОЌЕН КЛУБ
Автор:
Џејмс Патерсон
Тематика:
  Никој не ги познава најранливите делови на градот како њујоршкиот полицаец Џон Стефанович. Тој во потрага по Александар Сен-Жермен, најмоќниот член на Полноќниот клуб - тајно меѓународно друштво на суровите кралеви на криминалот, инаку уважени столбови на бизнисот и општеството. Стеф е идеален човек за таа работа - се додека не биде погоден од оружјето на Сен-Жермен и оставен да умре.
  Но Стеф сепак се враќа. Иако во инвалидска количка, се заколнува дека ќе го уништи Сен-Жермен. Со помош на една новинарка и еден харлемски полицаец, Стеф прави се, со единствена цел, пред очите - да го растури Полноќниот клуб.



Наслов:
ЌЕРКАТА НА ПАРТИЗАНОТ
Автор:
Луј де Барниер
Тематика:
  Случајната средба на улица го менува целосно животот на главниот јунак, обичен припадник на англиската средна класа. Необичната жена што ја запознава и со која се спријателува, почнува да му зборува за својот живот и, исто како во Шехерезада, по секоја приказна останува желбата за продолжение и за нова средба. Тој оди кај неа од ден на ден и, додека во нејзините приказни му се открива целиот непознат свет на повоена Југославија, на комплицираните односи на братските народи, семејните драми што оставаат рани на душата, како и поинаквата,  непозната, валкана слика на неговиот Лондон, јунакот почнува да се вљубува и да станува обземен од чудната женја што истовремено носи и многу болка и многу топлина во себе. Што се крие во таа жена ако на крајот токму тој ја повредува најмногу, кога имал намера да ја усреќи засекогаш? Дали приказните биле вистинити? Која е всушност таа?


Наслов:
ТАЈНАТА НА ТЕМПЛАРИТЕ
Автор:
Роберт Амбелен
Тематика:
  Во процесот на продолжителното и стрпливо истражување авторот Роберт Амбелен стигнува до големата "тајна на Црквата". Откривањето на таа тајна е вистинска причина за гибелот на витезите на Редот на темпларите. Личноста на Исус Христос се претставува пред нас во сосем нова светлина.


Наслов:
ДУШАТА НА СКУЛПТОРОТ
Автор:
Џејн Аркат
Тематика:
  Фасцинантна книга за навидум ситните нешта, кои судбински го предопределуваат животот на човекот, за страстите и поривите што не можат да се контролираат, и кои како подземни реки избиваат на најнеочекуваните места, менувајќи го пејсажот на животот засекогаш.
  Душата на скулптурот ...е книга за оние кои сакаат, и откако ќе ја завршат последната страница, долго потоа да бидат обземени од ликовите на нивните животни искуства.



Наслов:
ВЕШТИЦАТА ОД ПОРТОБЕЛО
Автор:
Пауло Коелјо
Тематика:
  Атена е жена со природна дарба. Таа е посвоено дете на Либанка и успешен деловен човек од Бејрут. Со своето семејство се преселува во Лондон, кратко по избувнувањето на војната во нејзината земја. На факултетот го запознава човекот кој ќе стане татко на нејзиното дете, но бракот брзу се растура. Доживувајќи да биде мајка, Атена не може да престане да размислува за жената што ја донела на овој свет, и за да може да сфати зошто ја напуштила, одлучува да замине на пат во Романија во потрага по нејзината биолошка мајка. Но патувањето не секогаш не носи до местото каде што сме тргнале, и тоа што Атена ќе го открие на ова патување, засекогаш ќе го измени нејзиниот живот и животот на тие околу неа.


Наслов:
СКАНДАЛ ВО ЧЕШКА
Автор:
Артур Конан Дојл
Тематика:
  ...За Шерлок Холмс останува ТАА ЖЕНА. Ретко имам слушнато дека ја спомнува под друго име. Во неговите очи ги засенува и ги надминува сите личности од својот пол. Не затоа што, кон Ирена Адлер имал чувства слични на љубов. Сите чувства, а особено ваквите, му беа туѓи на неговиот студен, прецизен и совршено урамнотежен разум.
  Единствената жена која со проникливост, ум и со способност успеала да го измами Шерлок Холмс. ТАА засекогаш ќе остане негова искрена љубов.
  Шерлок Холмс е надигран.


Наслов:
ВРАТА
Автор:
Магда Сабо
Тематика:
  На Ленка Јабланцаи, мојата биолошка мајка, и подигнав споменик во книгата ,,Старинска приказна". По четврт век воопшто и не сонував дека ќе морам да подмирам уште еден долг. Сепак, тоа го сторив низ романот ВРАТА. Од рацете на мојата мајка до прстите на Емереница деформирани од работа стигна најдобриот дел - на понатамошно патување. Таа би ја разбрала секоја моја недоумица и подобро од мене би се снаоѓала на мојот животен пат. Ќе беше нечесно од моја страна ако го премолчев сето тоа што го открив за неа.
      .....Магда Сабо



Наслов:
УБИЕЦОТ
Автор:
Лоренс Блок
Тематика:
   Најпродаваниот автор на Њујорк Тајмс и кралот на модерната мистерија се враќа на голема врата со својот најнов роман полн со контроверзност и насилие, каде централна фигура е елитниот платен убиец Келер...


Наслов:
ЖИВОТОТ НА ШПИОНИТЕ
Автор:
Хенри Портер
Тематика:
  Авионот на ОНН се урива на аеродромот Ла Гвардија. Единствениот преживеан е Роберт Харланд, поранешен агент во британското разузнување. Харланд на барање на Генералниот секретар на ОНН повторно станува активен и се враќа во службата со една единствена цел. Да поведе специјална истрага и да го пронајде Виктор Липник, познат трговец со оружје. Трибуналот на воени злосторства и тајните служби на неколку држави имаат сознание дека Викот Липник преку својата фирма, базирана во Остенде, Белгија пред носот на НАТО-продава оружје на државите под ембарго и на некои други терористички организации.
  Најсвежата информација од разузнувањето на НАТО е дека Липник е застрелан во Босна, но сепак, независно од тоа некој континуирано ги убива сите соработници и учесници во злоделата на Липник.
  Од овој момент започнува потрагата на Харланд по Липник. Да го пронајде Липник-жив или мртов. Се редат опасни акции, заплети, скандали и изненадувачки откритија какви што не сте можеле да замислите.


Наслов:
МИШЕЛ ОБАМА
Автор:
Елизабет Лајтфут
Тематика:
  Никој не е како неа. Мишел Обама. Ова е прва книга во која се раскажува восхитувачката приказна за жената чиј интелект, говорна надареност и рамнотежа сигурно ќе ја претворат во една од највлијателните Први Дами во историјата. Жена на која се гледа како на следен претседателски кандидат.


Наслов:
БАЗЕНСКА БИБЛИОТЕКА
Автор:
Алан Холингхрст
Тематика:
  Делото прекрасно ги склопува стандардните прозни конвенции во приказна за модерните гревови. За нечистотијата раскажува со блескава елеганција, за проблемите со прецизна досетливост, за вистината со убедлива прозна убавина.


Наслов:
ЗЛАТНИОТ БУДА
Автор:
Клајв Каслер
Тематика:
   Хуан Кабрило одлучува да му помогне на еден миротворец да се врати во својот дом. За таа цел ги користи двете најсилни нации на планетата земја...
   Кабрило и неговиот тим експерти, разузнавачи и морнари, мора да го вратат Тибет во рацете на Далај Лама, постигнувајќи договор со Русите и Кинезите. Нивниот коцкарски влог е Златниот Буда кој содржи факти за неограничените нафтени резерви на нафтената земја.
  Но најпрвин, тој ќе треба да ги лоцира и да ги украде сите значајни артефакти.
  Постојат одредени луѓе кои би сториле се неговиот обид да заврши со неуспех.



Наслов:
РИБИ
Автор:
Стивген с. Ландин, Џон Кристенсен, Хери Пол
Тематика:
  Дело кое само по себе е прекрасна приказна, раскажана на забавен начин кој не само што ве тера на размислување, туку лекциите од животот кои ги дава сигурно ќе унапреди било која организација која ќе одвои време за нивното применување. 


Наслов:
МАЛИНЧЕ
Автор:
Лаура Ескивел
Тематика:
  Мелинче е новиот долгоочекуван роман, за една од најконтроверзните личности од историјата на Мексико, Малиналји, најнапред обожаваната, а подоцна набедуваната љубовница на Ернан Кортес, која ја имала улогата на преведувач во односите меѓу Шпанците и Астеците во текот на освојувачките походи, за да биде подоцна обвинувана со векови дека го предала својот народ.


Наслов:
КОГА СЕ ДОБРО ЌЕ ЗАВРШИ
Автор:
Сибиле Берг
Тематика:
  Овој роман може барем со нешто да се спореди со другите романи кои зборуваат за кризата на средните години, пред се тоа е насилството на култот кон младоста што постои во западниот свет, а потрошувачката ера дополнително го нагласува, и добро заработува во кризата во средните години.


Наслов:
АЛХЕМИЧАРОТ
Автор:
Пауло Коелјо
Тематика:
  Алхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа.
  Младиот андалузиски овчар Сантијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да го слуша своето срце, да ги чита знаците на судбината и, што е најважно, да го следи до крајот својот сон.



Наслов:
ЛЕВИОТ БРЕГ НА СЕНА
Автор:
Кејт Мјуир
Тематика:
  Париз каков што не сте го виделе досега!!! Ќе се прошетате, ќе го вкусите, ќе го помирисате, ќе го запознаете подобро и уште повеќе ќе го засакате.
  На Левиот брег на Сена отсекогаш се живеело со слободнички, боемски животен стил, а последниве години, со доаѓањето на богатите филмски уметници, тој дел од Париз станува помодерен од кога и да било. Во еден од отмените станови, уживајќи ги сите благодети - облека од славни креатори, избрани вина, познајници од највисокото друштво - живеат надмениот француски интелектуалец и неговата жена, ѕвездичка на филмови  со уметнички претензии и порно содржина. Привидот на гламурозен живот за кој многумина сонуваат ќе го прекинат неочекувани настани. Брачните несогласности ќе се распламтат и ќе ги исфрлат на површина помалку привлечните страни на лелеавото париско постоење - здодевноста, трачевите, кавгите, неверствата и неисполнетоста.



Наслов:
ИСЧЕЗНАТ
Автор:
Даниела Стил
Тематика:
  Исчезнат е испреплетена приказна за вината, страста, воздржувањето и за луѓето што лесно не се забораваат додека се неизбежно заедно во потрага по детето кое... исчезнало.


Наслов:
ПЛАНИНАТА БРОУКБЕК
Автор:
Ани Пру
Тематика:
  Џек и Енис, двајца млади каубои, едно лето се пријавуваат да чуваат стадо овци во планината Броукбек. Во деновите и ноќите поминати среде пустата планина, тие водат забранета и тајна љубов. Таа трае над дваесет години...
  Книгата го прикажува нивниот комплексен однос, меѓусебната цврста емотивна и интимна врска, која продолжува и по формирањето на нивните семејства...



Наслов:
ПАПАТА ЈОВАНА
Автор:
Дона Вулфолк Крос
Тематика:
  Овој роман е базиран врз животот на една мошне исклучителна и фасцинантна жена во историјата на Западот позната под името папата Јована. Таа е една од најконтраверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж застанува на чело на Христијанската Црква и во IX век станува прва и единствена жена која ќе седне на пресветиот папски трон во црквата СВ. Петар во Ватикан.


Наслов:
СТАЛИН
Автор:
Сајмон Сибаг Монтефјоре
Тематика:
  Каков бил човекот, кој од сиромашно грузиско момче, се возвишал до Водач кој завладеал со руското царство? Кои биле неговите Химлер, Геринг, Гебелс? Како живееле "првите десет семејства"? Оваа историја на Сталиновиот царски двор блескаво ги оживува стравот и предавството, личните придобивки и развратот, семејниот живот и суровите убиства.


Наслов:
КАМЕН НА ТРПЕНИЕ
Автор:
Атик Рахими
Тематика:
  ...Во Авганистан или било каде другаде во светот", почнува писателот Атик Рахими, една жена бдее над својот маж, којшто е ранет и во кома веќе цели петнаесет дена, сета престрашена од братоубиствената војна што виори околу нејзиниот дом во којшто таа е заробена со двете ќерки и неподвижниот маж, жената ја започнува својата исповед пред немиот сведок, истурајќи ги пред него сите јадови и страдања од сопственото постоење.


Наслов:
АТИЛА
Автор:
Џон Мен
Тематика:
  Во текот на одлучувачките 20-ти години од раниот 5-ти век, Атила во рацете ја држел судбината на цела Европа...
  Но, тој не бил само обичен Варварин. Неговата моќ доаѓала од неговиот темперамент и карактер. Каприциозен, арогантен и суров, силна и харизматична личност што успеала да потчини милиони луѓе кои му биле безрезервно лојални. Хуните, Готите и останатите Варвари едноставно го обожувале, дури и образовани луѓе од западот биле горди да бидат негови слуги.



Наслов:
ШЕХЕРЕЗАДА ЗАМИНУВА НА ЗАПАД
Автор:
Фатима Мерниси
Тематика:
  Во храбриот обид да се симне превезот на тајновитоста и мистеријата во и околу харемите, Мерниси ни нуди внатрешен поглед и видување кое во поголемиот дел е мошне забавно. Книгава го нуди и здраворазумното лекување на последното парче од емоционалниот товар: сексот. Воедно, Мерниси е врската со Шехерезада,  а впрочем, исто толку е и интелигентна. Нејзиното фаќање во костец со сексуалната политика на Истокот и Западот, не е само пикантно, туку е и мошне актуелно. Дефинитивно ова е сторија која отвара многу прашања и дилеми, но во исто време е книга што нуди и многу одговори.


Наслов:
ШИФРАТА НА АЛЕКСАНДАР
Автор:
Вил Адамс
Тематика:
  Даниел Нокс е отпаднички египтолог чија обземеност со Александар и неговата гробница може да се претвори во причина за негово убиство. Веќе во бегство поради варварскиот бродопревезувачки тајкун Хасан ал-Асијути, да победи во трката би била единствена можност да се преживее. Сепак, и некои други се во потрага по оваа награда, а тие ќе убијат само за да победат...


Наслов:
ДНЕВНИКОТ НА ЛАГИТЕ
Автор:
м. џ. Хајленд
Тематика:
  Дневникот на лагите е речиси клаустрофобично збиен; сите крупни настани од животот на Џон тој ги сведува на моментални впечатоци и чувства. Од друга страна, тој го освојува, го голта читателот и буди сочувство до мера што е речиси физички болна.


Наслов:
ПРИНЦЕЗАТА СУЛТАНА
Автор:
Џин Сасон
Тематика:
  Замислете принцеза која блеска од скапоцени дијаманти и бисери и живее во незамислив луксуз, а во стварноста таа живе во златен кафез. Без слобода, глас, без контрола на сопствениот живот, без други вредности, освен да раѓа синови. Скриена под превезот, таа е затвореник, а чувари се најзиниот татко, нејзиниот маж и синовите. Принцезата Султана е член на кралското семејство во Саудиска Арабија, во блиско сродство со кралот. Таа во оваа книга зборува за својот живот - од бурното детство до договорениот брак. Книгата е: болна, лична, веродостојна а приказната можела да ја раскаже само жена која сето тоа самата го преживеала...


Наслов:
ХИЕРАРХИЈА НА ЗАГОВОРОТ
Автор:
Џон Коулман
Тематика:
  Приказна за таинствениот Комитет 300 - Владата на новиот светски поредок. Во книгава се изнесени шокантни сознанија за мноштвото светски настани што досега се објаснувале на поинаков начин( убиството на Алдо Моро и на Џон Кенеди, аферата Вотергејт, војната во Ирак, државниот удар во Никарагва, војната во Сомалија,...итн)


Наслов:
ОАЗА
Автор:
Лорин Вонегут
Тематика:
  Западна Сахара, место полно со опасности, интриги и голема убавина. Територија на која луѓето веќе со децении се борат поради непроценливо вредните материјали. Убава Русинка, разбранувани соништа, мала оаза среде пустината во која нашле прибежиште необични ликови од таинственото минато...
  Универзалната човечка потреба за припаѓање, за откривање на идентитетот. Храбра и без компромиси.



Наслов:
МОЌТА НА ЉУБОВТА
Автор:
Дон Мигел Руис
Тематика:
  Во книгата Моќта на љубовта Дон Мигел Руис ги расветлува уверувањата засновани на стравот и претпоставките кои ја поткопуваат љубовта и во нашите односи создаваат драми и страдање. Илустрирајќи ги своите пораки со мудри и убедливи приказни, Руис ни покажува како да ги исцелиме нашите емоционални рани, да ја вратиме својата исконска радост и слобода, како и ведриот дух кој е од суштинска важност за односите исполнети со љубов.


Наслов:
АНГЛИСКИ ПАЦИЕНТ
Автор:
Мајкл Ондатле
Тематика:
  Англиски пациент е роман од Мајкл Ондатје според кој е снимен истоимениот филмски хит - добитник на девет Оскари. И пред Оскаровскиот триумф, делото беше високо вреднуван и популарен роман, за што говори и добивањето на престижната Букерова награда во 1992 година.


Наслов:
БЕЛАТА МАСАИ
Автор:
Корин Хофман
Тематика:
  Овој интернационален роман е моментално задолжително американско четиво за љубителите на авантурите, патеписите и романтичните приказни. Корин Хофман ја раскажува својата животна приказна.
  Таа се вљубува во еден Африкански воин додека е на одмор во Кенија. Откако ќе помине низ бројни премрежја и препреки, се сели во мала колипка со него и со неговата мајка и цели четири години живее во неговото село. Полека но сигурно, нејзините соништа почнуваат да се уриваат, а таа кове план да се врати дома со својата ќерка, бебенце родено од навидум неуништива љубов помеѓу бела Европејка и Африкански Масаи.



Наслов:
РОЗАТА НА СЕВАСТОПОЛ
Автор:
Катерина Мекмехон
Тематика:
  Русија, 1854: Кримската војна татни и, со доаѓањето на лутата зима, болниците на бројните полиња се преполни со војници на умирање. Пркосејќи и на Флоренс Најтингел, Роза Бар - млада, тврдоглава и прекрасна - патува во Балакалава одлучна да спаси што е можно повеќе ранети. За Мриела Лингвуд, роднината на Роза, војната постои само на страниците на нејзиниот споменар, во шивачкиот круг во Лондон и во писмата што ги добива од Хенри, нејзиниот свршеник, славен хирург кој исто така доброволно се пријавил да работи во сенките на пушките. Кога Хенри се разболува и е испратен на закрепнување во Италија, Мариела ненадејно решава дека мора да појде кај него. Но, по пристигнувањето во неговиот стан, Мариела и нејзината слугинка откриваат страшна вистина: Роза исчезнала. Следејќи ја трагата на нејзината недофатлива и волшебна роднина, епското патување ја води Мариела од домашната затвореност на викторијански Лондон до уништените пејсажи на Крим и трагичниот град Севастопол. Додека нурнува се подлабоко во темното срце на војната, светот на Мариела почнува да се урива и таа сфаќа дека треба да научи уште многу за тајните, љубовта и верноста.


Наслов:
КРИК ВО НОЌТА
Автор:
Мери Хигинс Кларк
Тематика:
   Младата и разведена Џени се бори во животот за да ги одгледа нејзините две мали ќерки. Откако го запознава убавиот, богат и неодолив Ерик Кругер, Џени веднаш се вљубува. За брзо време Ерик ја бара за жена и заедно со нејзините ќерки ја носи кај него, во Минесота, во куќа од соништата.
  Но среќата на Џени не трае долго. Набрзо следи серија на чудни и застрашувачки несреќи, принцот од бајките ја запрепастува...


Наслов:
УЛИЧНИОТ АДВОКАТ
Автор:
Џон Гришам
Тематика:
  Бездомник зема девет адвокати за заложници во кадифените канцеларии на фирмата. Кога се се завршува, човечка крв е распрскана по лицето на Мајкал и одненадеш Мајкал сака да направи нешто незамисливо. Откривајќи ја повторно совеста што некогаш оддамна ја загубил Мајкал ја напушта фирмата за да се врати на улицата на која живеел напаѓачот и каде на општеството очајнички му треба адвокат заради правдината...


Наслов:
ЕДНО НЕДЕЛНО УТРО
Автор:
Ејми Ефрон
Тематика:
  Книгата е прекрасна приказна за скандал во високото друштво во Њујорк и Париз во деведесеттите години, прикажан низ приказните на пет жени чиј што живот неповратно се менува заради измама, индискретност, откривање на тајни и озборувања.


Наслов:
ПОРТАТА ОД КАФЕЗОТ
Автор:
Кејти Хикмен
Тематика:
  Магична, длабока приказна што не води во харем од шеснаесетиот век - директно во светот населен со егзотични, интригантни карактери... . Со сите сложени детали на историска документарна литература и со ритамот на романтична драма  ова е навистина прекрасен роман. Читањето на оваа книга е како да минувате прекрасни часови во друштво со една од омилените робинки на Султанот.


Наслов:
ИНТИМНИТЕ ЖИВОТИ НА ПИПА ЛИ
Автор:
Ребека Милер
Тематика:
  Интимните животи на Пипа Ли е изворедно вкомпонирана и суптилна новела за идентитетот, напишана со изворедно силно чувство за место и карактер. Ова е мошне мудро и вешто напишано дело кое ќе ве остави без здив.


Наслов:
ЗБОГУМ, ШАНГАЈ
Автор:
Анжел Вагенштајн
Тематика:
  Шангај во текот на втората светска војна, кога бил под јапонска окупација, е место за средба на криминалниот свет, на меѓународни авантуристи, шпиуни и шпекуланти, на протерани и на луѓе со потерница. Место на сјајот и бедата, но источната порцеланска нежност и на воената бруталност, на опиумот и на човековиот морален пад. Но и последен спасителен брег, симбол на очајната надеж за преживување.
  Шангај со својот ограничен статус на отворен град е единственото место на овој свет што може да прими дваесеттина илјади гемански и австриски евреи. Хонкју е квартот претворен во еврејско гето, а Шангај е градот на нивното проклетство, но и на нивното спасение. Текстот е драматично растегнато сведоштво меѓу илузијата за достоинственото и згазеното достоинство на човекот.


Наслов:
МЕМОАРИ НА ЕДНА ГЕЈША
Автор:
Артур Голден
Тематика:
  Делумно историски роман, делумно бајка, делумно романса. Мемоари на една гејша не е само роман полн со добродушни портрети на жени туку и вешто набљудувана слика на еден необичен и во голема мера исчезнат свет... . Книгата е еден импресивен и несекојдневен првенец.


Наслов:
НЕКА КРВАВИ
Автор:
Јан Ранкин
Тематика:
  Борејќи се со уште една зима во Единбург, Робус се наоѓа фатен во мрежа на заплети што создава повеќе прашања, отколку одговори. Навистина ли ќерката на Лорд Провост е грабната или, пак, станува збор за уште една бегалка? Зошто градскиот советник уништува документи, што одамна требало да бидат стара хартија? И, зошто, на крајот на краиштата, Робус е повикан да стрела во глинени гулаби на имотот на генералниот секретар во Шкотска канцеларија?


Наслов:
ДЕНОТ НА ПЧЕЛИТЕ
Автор:
Томас Санчез
Тематика:
  Раскошно замислен и доловен, Денот на пчелите е занесен расказ за страста, политиката и уметноста. Роман кој сугерира дека историјата ја пишуваат оние што љубат, како и оние што се борат.


Наслов:
ЧЕТВРТИОТ КЕНЕДИ
Автор:
Марио Пузо
Тематика:
  Најновиот роман на авторот Кум е политички трилер што започнува со атентат над папата што се случува на велигден, што предизвикува глобални протести кои ќе ги разнишаат упориштата на моќта ширум светот, од палатата на султанот на Шерхабен до Белата куќа. Американски претседател е Френсис Кенеди, потомок на познатото семејство што го следи коба. Иако се уште ја оплакува смртта на својата жена, Кенеди им се посветува на подобрувањето на земјата и на создавањето на идеалистички "нов општествен договор". Откако е извршено страшното злосторство, Кенеди ладнокрвно се заколнува дека ќе го избрише Шерхабен од мапата, без оглед на американското богатство што е вложено таму... .


Наслов:
НИКАДЕ БЕЗ ЌЕРКА МИ
Автор:
Бети Махмуди со Вилијам Хофер
Тематика:
   Никаде без ќерка ми е авантуристичка приказна за љубовта, за личната драма, за траумите и понижувањата на една современа Американка.
  Бети по неуспешниот брак се вљубува во штотуку дипломиран лекар-Иранец. Љубовната идила по две-три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран заедно со нивната тригодишна ќерка. Иако Бети се плаши дека оттаму нема да се врати, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се случува кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно кога на власт доаѓа Хомеини и кога Иран станува Исламска Република. Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност: Бети со својата ќерка станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг. По низа драматични случувања таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да дојде во САД.



Наслов:
АКО АНГЕЛИТЕ ГОРАТ
Автор:
Лин Веил
Тематика:
  ТАА ЈА ВРАЌА СВЕТЛИНАТА НА НАДЕЖТА...
Доктор Александра Келер е најбрилијантниот реконструктивен хирург во Чикаго.

  ТОЈ ЖИВЕЕ ВО СЕНКИТЕ...
Мајкл Сиприен е најголемиот милионер во Њу Орлеанс и очајно му се потребни вештините на доктор Келер.

  НОВА ЗОРА ГИ ОЧЕКУВА И ДВАЈЦАТА...
 
  Под основата на една вила во срцето на областа Гарден, Александра ќе изведе нелегална хируршка операција. Изобличувањето на нејзиниот пациент не може да се репарира со помош на медицината. Но, способноста на неговото тело да закрепнува од повредите се граничи со чудесното.
  Александра знае дека Мајкл Сиприен не е обичен пациент. Интригирана од тоа колку неговата фасцинантна филозофија може да и помогне на медицинската наука, таа е уште повеќе воодушевена од неговото присуство и од мистеријата која го опкружува него и неговите соработници, група бесмртници кои себеси се нарекуваат  Даркин...




Наслов:
ЕКСКЛУЗИВНА ПРИКАЗНА
Автор:
Ферн Мајклс
Тематика:
  Тереза "Тутс" Амелија Луданбери има доста проживеано - да не ги заборавиме и осумте сопрузи - во нејзиниот разновиден и богат живот. Од неодамна вдовица, Тутс е подготвена повторно да го вкуси животот, а судбината и ја дава совршената можност.
  Сопственикот на таблоидниот третокласен весник каде што работи ќерката на Тутс ќе го загуби весникот поради коцкарски долгови. Желна ќерка и да ја задржи работата, таа се преселува во Холивуд со своите три верни другарки - Софи, Мејвис и Ајда - за да и помогнат да фати некоја врска. Заедно, тие ќе смислат план што ветува возбуда, смеа и опасност. Оставајќи го пирејот на вдовицата(црната боја никогаш не и прилега), Тутс ќе докаже дека никогаш не треба да се потценува дама од Југот и дека секој ден може да се биде дар, ако сакате да го прифатите...


      

Copyright 2006-2008 by Biblioteka “Blagoj Jankov Muceto” – Strumica   Terms Of Use  Privacy Statement