
Дарвин СЕГА
Дарвин СЕГА е глобална
иницијативa на
Британскиот совет која го истражува влијанието на Дарвиновото значајно наследство
во 21-от век.
Дарвин СЕГА е организирана
околу две главни теми и цели: Еволуција за сите и Предизвикување на контроверзноста.
Првата цел на иницијативата е
подобро да се разбере науката која стои зад еволуцијата и прашањата поврзани со
неа, и што пошироко да се објасни на луѓето. Многубројна публика ширум светот
може да ја посети изложбата за Дарвин и еволуцијата, и д учествува на
работилници, семинари и дискусии. Преку активностите организирани на интернет
секој може да учествува во следење на експерименти, гледање и слушање на
интервјуа и предавања, или да комуницира со научници и филозофи преку активни
дискусии на интернет во реално време. Подготвени се и неколку едукативни
ресурси за наставници, вклучувајќи предлози за школски активности и
експерименти. Бидејќи иницијативата сака да допре до младите луѓе, организирана
е серија на меѓународни младински самити кои истражуваат различни аспекти од Дарвиновото
наследство.
Преку темата за предизвикување
на контроверзноста, иницијативата сака да дискутира за негативните претпоставки
кои велат дека еволуцијата како тема мора да создаде раздор меѓу научната и
религиозната заедница. Британскиот совет сака да создаде простор за дијалог без
предрасуди и со таа цел ја организира конференцијата во Александријската
библиотека, како меѓународна конференција за еволуцијата и општеството со
присуство на академици, теолози, професионалци од медиумите и научни
комуникатори. Како дополнување на овие напори, ќе ја надградиме нашата програма
за поддршка на меѓународна соработка помеѓу научниците и ќе се фокусираме на
науката за еволуцијата.
Преку одбележувањето на ова
значајно Дарвиново наследство во 21-от век, проектот на Британскиот совет
Дарвин СЕГА собира возбудлив збир на глобални настани и иницијативи. Овој
проект ја додава меѓународната димензија на Дарвин 200, одбележување на 200
годишнината од раѓањето на Дарвин во Велика Британија која ја води
Природонаучниот музеј во Лондон. Воедно се одбележува и 150 годишнината од
објавувањето на најпознатото дело на Дарвин, за Потеклото на видовите. Дарвин
СЕГА фрла поглед на влијанието на Дарвиновите идеи врз современата биологија и
еволуциона теорија. Проектот ја истражува основната, влијателна и понекогаш
контроверзна природа на Дарвиновото дело
и неговото знашење за денешниот свет.
Во Македонија инивијативата
Дарвин СЕГА ќе биде оддбележана со истоимената изложба која е организирана во
соработка со Природонаучниот музеј на Македонија. Изложбата е составена од 16
банери кои имаат информативе, едукативен и уметнички карактер и изобилуваат со
податоци и факти за живото и делот на Дарвин, и и поврзаноста со општествените
промени пошироко. Природонаучниот музеј на Македонија ќе ги отвори вратите за оваа
изложба до средината на јуни и воедно ќе даде можност на сите посетители да ја
видат и нивната постојана поставка. Ова е трета манифестација поврзана со
делото на Дарвин која се реализира во Природонаучниот музеј досега, а првпат
заедно во организација со Британскиот совет.
Планирано е Македонија да има
свои претставници на меѓународниот младински самит во Лондон во јули и на
меѓународната научна конференција во Александрија во ноември оваа година. Од
септември постои можност изложбата да се постави и надвор од Скопје, со цел што
повеќе заинтересирани луѓе, професионалци во својата област, ученици и родители
да може да ја погледнат и да се
запознаат со овој значаен природонаучник и неговото дело.
Оваа година Британскиот совет
ја прославува 75 годишнината од своето постоење и 13 годишнината од делувањето
во Македонија.