Oтворање на англиско катче во Струмица.
На 30 ноември, во 11 часот, во
библиотеката Благој Јанков Мучето во Струмица, се отвори англиско катче.
Катчето содржи над 200 наслови наменети за наставниот кадар по англиски јазик,
како и за сите поединци кои имаат потреба да го усовршат знаењето на англискиот
јазик, или кои треба да полагаат една од меѓународните димпломи по англиски
јазик на универзитетот Кембриџ (ПЕТ, ФСЕ, САЕ, СПЕ, БЕК, ИЕЛТС).
Катчето го отворија директорот на Британскиот совет, Лес Дејнџерфилд,
директорката на струмичката библиотека, г-ѓа Тања Гошева, и градоначалникот на
општина Струмица, г-н Зоран Заев.